Бугарскиот претседател порачал дека сакаат да видат не само декларации, туку јасни гаранции за нивните национални безбедност и интереси, соопштија од неговиот кабинет
Проширувањето на Европската Унија мора да се заснова на постигнување одржливи резултати во градењето добрососедски односи на Балканот, и ова треба да биде неповратен процес со текот на времето.
Ова го изјави претседателот на Бугарија, Румен Радев, кој денеска се состана со министерот за надворешни работи на Португалија Аугусто Сантос Силва и еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји, кои денеска наутро прво ја посетија Софија, а потоа допатуваа во Скопје за да разговараат за можното деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија.
На состанокот, како што соопштија од прес-службата на бугарскиот претседател, Радев посочил дека Бугарија ќе продолжи да ги поддржува кандидатите за пристап во Унијата за да ги исполнат копенхагеншките критериуми за членство, како и да ги промовира принципите на добрососедство и почитување на човековите права.
„За Бугарија, европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на ЕУ се неоспорен приоритет“,
истакна шефот на бугарската државата.
Според него, директниот и отворен дијалог е најважен за постигнување ефективни резултати за земјите кандидати за ЕУ.
„Затоа сакаме да видиме не декларации, туку јасни гаранции за нашата национална безбедност и за нашите национални интереси“,
рекол Радев, соопштија од неговата прес-служба.
На состанокот учествувал и министерот за надворешни работи во привремената техничка влада, Светлан Стоев, кој претходно на прес-конференција со Силва и Вархеји порача дека не треба да се очекува оти Бугарија ќе ја промени позицијата за Северна Македонија.
*Поврзани вести:
(ФОТО) Силва и Вархеји слетаа во Скопје
Пендаровски се сретна со Силва: Размениле информации за надминување на пробелмите со Бугарија
Заев: Предлогот на Вархеји и Силва е добра основа за решение на спорот со Софија
Захариева: Предлогот што во Софија го носат Силва и Вархеји е без никакви гаранции за Бугарија