Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион
Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека интерконекторот меѓу Бугарија и Грција (ИГБ) драстично ја менува енергетската криза на Европа бидејќи конечно имаме вистински проток на гас од Азербејџан.
Тој во обраќањето на церемонијата на пуштањето во употреба на ИГБ рече дека не било лесно да се направи овој интерконектор.
Радев потенцира дека гасната врска не од важност само за Бугарија, туку и за Романија, Србија, Северна Македонија, но и други земји од Централна и Југоисточна Европа.
Обраќајќи се кон грчкиот премиер Кирјос Мицотакис, Радев рече дека очекува пуштање во употреба и на гасниот центар во Александруполис со што, според него, ќе се постигне вистинска диверзификација.
„Затоа, интерконекторот меѓу Бугарија и Грција не е само инфраструктурен проект, туку симбол на зголемениот потенцијал на нашиот регион, успешна соработка и нашата поврзаност, кои придонесуваат за нашиот одржлив развој преку реализација на заедничката европска стратегија за понадежна, евтини и сигурна енергија“,
додаде Радев.
Рече дека Бугарија инсистира и на воспоставување интерконектор со Србија.
На церемонијата претстојува и македонскиот претседател Стево Пендаровски кој ќе се сретне со Радев, а ќе има и трилатерлна средба меѓу Пендаровски, Радев и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен. Претходно, Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен каде што кажал дека очекува поддршка од ЕК во справување со енергетската криза.
Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.
Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.