Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот
Претседателот на државата, Стево Пендаровски во Софија истакна дека пуштањето на гасниот интерконектор Грција – Бугарија (ИГБ) доаѓа во клучен момент кога и регионот и Европа се соочуваат со изгледи за тешка зима, зголемена инфлација и преголема невработеност.
Во обраќањето на церемонијата по повод стартот на комерцијалната работа на интерконекторот ИГБ, рече дека тој отвора нова и сигурна порта за диверзифициран природен гас.

„Во времето кога светот постепено се опоравуваше од разорните ефекти на пандемијата, неодговорната руска агресија во Украина предизвика енергетска криза со огромно социо-економско влијание“,
истакна Пендаровски.
Му честиташе и на Азербејџан за конструктивната улога во текот на целиот потфат.
„Јасно е, колку сме повеќе меѓусебно поврзани, толку поотпорни ќе бидеме на енергетските предизвици од секаков вид. За да обезбеди одржлив развој и да ги задоволи потребите на бизнисите и домаќинствата, Северна Македонија мора да стане дел од оваа мрежа за природен гас. Оттука, подготвени сме да ги направиме сите неопходни чекори во таа насока“,
потенцира Пендаровски.
На настанот освен Пендаровски присуствуваа и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателите на Азербејџан и Србија, Илхам Алијев и Александар Вучиќ, како и премиерите на Грција и на Романија, Киријакос Мицотакис и Николае-Јонел Чука.
Гасниот интерконектор ИГБ ја поврзува мрежата за пренос на природен гас на Грција во близина на градот Комотини со бугарската преносна мрежа во близина на градот Стара Загора. Имплементацијата на проектот има за цел да обезбеди диверзификација, не само на рутите, туку и на изворите на природен гас за Бугарија и поширокиот регион.
Овој интерконектор за земјава има и дополнително значење, бидејќи ќе ни овозможи пристап и до складиштето за природен гас во Чилен во Бугарија, преку кој може да набавуваме ЛНГ (Liquified Natural Gas) од терминалот во грчкиот град Александрополис, а во текот на летото кога е поевтин и да го складираме во Бугарија, со можност да го користиме на зима кога е најпотребен. Диверсификацијата на изворите со природен гас, треба да обезбеди сигурност во снабдувањето со природен гас за земјава на среден и долг рок, како и одлична можност за зголемување на перформансите на домашната економија, која може да биде конкурентна со земјите од регионот.
За време на посетата во Софија, Пендаровски се сретна со Фон дер Лајен, а средба ќе има и со бугарскиот колега Радев. Според најавите, ќе се одржи и трилатерална средба меѓу Пендаровски, Радев и Фон дер Лајен.
Предвидено е и да го посети местото на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во која лани загинаа 45 македонски граѓани.