Радев ги коментираше изјавите на македонските власти во однос на личноста на Иван Михајлов, чие име го носи Здружението во Битола, каде викендов беше отворен клуб на кое присуствуваа високи бугарски претставници – потпретседателката на Бугарија Јотова, премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева
Време е антибугарската идеологија која се врти во Република Северна Македонија и очигледно намерно ги труе нашите односи и намерно го поткопува патот на земјата кон Европската Унија да остане во минатото. Обидите на политичарите на РСМ да изградат идентитет врз основа на фалсификат на Комунистичката интернационала, наместо на историската вистина, се против интересите на граѓаните на РСМ кои навистина сакаат членство во ЕУ, изјави денеска бугарскиот претседател Румен Радев, јави БГНЕС.
Радев ги коментираше изјавите на македонските власти во однос на личноста на Иван Михајлов, чие име го носи Здружението во Битола, каде викендов беше отворен клуб на кое присуствуваа високи бугарски претставници – потпретседателката на Бугарија Јотова, премиерот Кирил Петков, министерката за надворешни работи Теодора Генчовска поранешната шефица на дипломатијата Екатерина Захариева.
„Ако зборуваме за фашизам, треба да биде јасно дека Иван Михајлов е човекот кој одбил Хитлер да ја вклучи Македонија во братоубиствена војна со Бугарија. Не Иван Михајлов, туку други луѓе, по воспоставувањето на југословенската диктатура во Македонија, убија и испратија десетици илјади во концентрационите логори, само затоа што решија да продолжат да се нарекуваат Бугари. Ова е вистински фашизам“,
изјави Радев.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи неделава на брифинг оцени дека настанот е провокација, која е во однос на името кое е избрано за клубот, а не самото отворање.
„Не бевме дел од таа посета, не дека се отвора бугарски клуб, туку спорно беше името на тој клуб кој тука се смета за провокација и контроверзија. Ако не беше тоа име на клубот, ние ќе бевме заедно со бугарската делегација за да се прикаже дека сите заедници ги уживаат сите права на организирање“,
рече Османи.