За збор за предлогот за разрешување на министерот без ресор од Алтернатива, пријавени се 39 пратеници
По една недела откако започна седницата за реконструкција на Владата (на 13 февруари) пратениците вечерва ја завршија дебатата за разрешувањето на министерот за информатичко општество и администрација Адмирим Алити.
Алити е еден од тројцата министри – кадри на Алтернатива, кои премиерот Димитар Ковачевски предложи да се разрешат. Претходно, заврши дебатата само за разрешувањето на министерот за здравство Беким Сали. Гласањето и за Алити и за Сали дополнително ќе се закаже, а пратениците десетина минути пред 21 часот вечерва ја продолжија дебатата за разрешување на министерот без ресор задолжен за дијаспора Џемаил Чупи.
За предлогот за негово разрешување, за збор се пријавени 39 пратеници.
Покрај министрите, Ковачевски предложи да се разрешат и тројца заменик-министри од кои двајца се кадри на Алтернатива, Абдулшуќур Абедини – за земјоделство и Лулзим Алиу – за образование и наука.
- Енигма: Заменик-министерот за култура од Алтернатива не е на списокот на Ковачевски за разрешување – од Владата не кажуваат зошто
- Заменик-министерот за култура останува во Владата, но не и во Алтернатива: Гаши и Сали ме бојкотираа, на иста линија сум со Реџепи Зејд
- Немам никакви притисоци за одземање овластувања на заменик-министерот, тврди Костадиновска-Стојчевска
Третиот заменик е за одбрана – Башким Хасани кој е дел од „огнената група“ во ДУИ.
Откако ќе се разрешат, истата собраниска седница треба да продолжи со наредните две точки од дневниот ред кои се однесуваат на избор на министри и заменици. Станува збор за кадровски прашања договорени помеѓу коалициските партнери по постигнатиот договор со Алијанса за Албанците од опозиција да премине во власт. Кадрите предложени за нови владини членови се:
- Кренар Лога (Алијанса) – министер за правда;
- Фатмир Меџити (Алијанса) – министер за здравство;
- Азир Алиу (Алијанса) – министер за информатичко општество и администрација;
- Каја Шукова (СДСМ) – министерка за животна средина и просторно планирање;
- Тирон Јајага (Алијанса) – заменик-министер за одбрана;
- Вјолца Бериша (Алијанса) – заменик-министерка за земјоделство;
- Викторија Аврамовска-Мандиќ (СДСМ) – заменик-министерка за правда;
- Маја Манолева (СДСМ) – заменик-министерка за здравство;
- Агим Нухиу (ДУИ) – заменик-министер за образование и наука.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- (ВИДЕО) Ковачевски: Реконструкцијата ќе внесе нова енергија и ќе стави точка на лагите за предвремени избори
- АНАЛИЗА: Ковачевски ќе добие меѓу 63 и 66 гласа „за“ реконструкција на Владата
- (ИНФОГРАФИК) Како се менуваше владата на СДСМ и ДУИ во текот на овој мандат
- Тупанчески и Нуредини веќе не се министри, констатирани оставките и на замениците Рендевски и Нухиу
- Николоски: Дали цената за влез во Владата е куќа во Тафталиџе поклонета на Таравари од функционер од ДУИ?
- Да ти е жал со кого си соработувал, ова е за спас на кариерите на Ковачевски и Груби, вели пратеничка од Алтернатива
- Демократски сојуз на Павле Трајанов ја напушта Владата: „Наша определба и натаму останува членството на Македонија во ЕУ“