Во својот говор рускиот претседател ја опиша актуелната геополитичка ситуација во светот како „револуционерна“, велејќи дека периодот на „неподелената доминација“ на Западот се приближува кон крајот, а оти Западот не е способен еднострано да владее колку и да се обидува да го направи тоа
Обидувајќи се да ја оправда војната во Украина, Путин го обвини Западот за учество во, како што рече, опасна, валкана и смртоносна игра и обвини оти западните земји ја поттикнале војната во Украина
Говорејќи на панелот на Институтот „Валдаи“ во Москва, рускиот претседател Владимир Путин денеска кажа оти светот се соочува со најклучната, но и најопасната деценија од крајот на Втората светска војна, истовремено обвинувајќи го Западот дека сака да доминира со светот.
„Пред нас е веројатно најопасната, непредвидливата и во исто време најважна деценија од крајот на Втората светска војна“,
им рече Путин на членовите на годишниот клуб за дискусија „Валдаи“.
Во својот говор рускиот претседател ја опиша актуелната геополитичка ситуација во светот како „револуционерна“, велејќи дека периодот на „неподелената доминација“ на Западот се приближува кон крајот, а оти Западот не е способен еднострано да владее колку и да се обидува да го направи тоа.
Обидувајќи се да ја оправда војната во Украина, Путин го обвини Западот за учество во, како што рече, опасна, валкана и смртоносна игра и обвини оти западните земји ја поттикнале војната во Украина.
„Тие ја поттикнуваат војната во Украина, ги ескалираат провокациите околу Тајван, ги дестабилизираат светските пазари за храна и енергија“,
вели тој.
Путин рече дека „Западот довел до оваа точка во Украина“, но посочи дека она што сега се случува во соседната земја ќе биде од корист за Русија и нејзината иднина, бидејќи тоа ќе ѝ помогне да го зајакне нејзиниот суверенитет во сите домени, но особено во нејзините економски полиња.
„Она што конкретно се случува во Украина, тоа не се промени кои моментално се во тек или се во тек од почетокот на специјалната воена операција. Овие промени се случуваат долги години. Ова се тектонски поместувања на целиот глобален поредок“,
рече рускиот лидер.
Путин рече дека Русија не е непријател на Западот, но ќе продолжи да се спротивставува на диктатот на западните неолиберални елити, а неговата земја „никогаш нема да го трпи“ она што Западот ѝ го кажува да го прави.
„Дијалогот на Русија и Западот и другите центри на развој ќе станат поважни во новиот светски поредок. Човештвото има два избора: или ќе продолжиме со проблемите што ги оптоваруваат сите или ќе работиме заедно. Верувам во здравиот разум, и секогаш сум верувал“,
рече Путин и го повика Западот да работи на заедничка иднина со Русија, додавајќи оти новиот светски поредок треба да се заснова на закон и ред.