„Русите постојано ги надминувале искушенијата бидејќи биле заедно. Така се зацврсти нашето единство, нашата верба во себе, во нашите сили и способности“, рече рускиот претседател
Рускиот претседател Владимир Путин денеска одржа свое новогодишно обраќање до граѓаните, во кое посочи дека земјата изминатата година успеала да одговори на најтешките предизвици, како и дека Русите треба да се гордеат со она што досега е направено.
Без да ја спомене војната против Украина, рускиот претседател ги пофали руските војници, за кои посочи дека се вистински херои.

„Во пресрет на Новата година, размислуваме за иднината. Сигурен сум дека сѐ ќе биде во ред и дека само ќе напредуваме“,
рече тој.
Според него, Русија поминала низ многу големи настани во првата четвртина од 21 век благодарение на единството на народот.
„Русите постојано ги надминувале искушенијата бидејќи биле заедно. Така се зацврсти нашето единство, нашата верба во себе, во нашите сили и способности“,
вели рускиот претседател.
Додаде дека следната година ќе се одбележат 80 години од победата на фашизмот.
Новогодишното обраќање на Путин траеше три и пол минути, а се емитува во секоја од 11-те временски зони на земјата.