Рускиот претседател изразил и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакнал и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова, јавуваат руските медиуми
Рускиот претседател Владимир Путин денеска на средба со српскиот вицепремиер Александар Вулин на маргините на Источниот економски форум во Владивосток изјавил дека го очекува српскиот претседател Александар Вучиќ на форумот на БРИКС во Казан.
„Го чекаме претседателот Вучиќ на настаните на БРИКС во Казан во проширен формат. Испративме покана и се надевам дека ќе ја прифатат“,
нагласил рускиот претседател, јавуваат српските медиуми.
Рускиот претседател изразил и надеж дека потпретседателот на српската влада ќе ги оцени можностите за соработка со рускиот Далечен Исток, но истакнал и дека има благ пад на билатералната трговија меѓу Русија и Србија, нагласувајќи дека тоа е неопходно е да се разберат причините за ова.
„Веројатно дојде време да се состане меѓувладината комисија која не се состануваше долго време, најмалку две години“,
рекол рускиот претседател.
Тој потсетил дека Русија игра значајна улога во снабдувањето на Србија со енергија навреме.
„Ќе разговараме и за тоа, има конкретни работи што треба да се решат, мислам дека нашите договори за снабдување со гас истекуваат во март 2025 година“,
додал рускиот претседател.
Источниот економски форум се одржува до 6 септември во кампусот на Федералниот универзитет на Далечниот Исток во Владивосток.