Околу 60 насто од домаќинствата во Тетово речиси 12 часа се без вода за пиење. Екипа на ЈКП Тетово сè уште го поправа дефектот на водоводниот систем откако денеска наутро пукна една од главните водоводни цевки.
Од Комуналното очекуваат вечерва цевката да биде заменета. Тие работат на терен уште од 11:30 часот на улицата Цветан Димов кај СВР Тетово.
Тетовци на социјалните мрежи негодуваат зашто градот често останува без вода. Некои велат дека мора да стануваат во пет часот наутро за да се избањаат. Други критикуваат дека во денешно време е мизерно да се нема вода за пиење.
Поврзана вест: Половина Тетово денеска остана без вода за пиење