Според првичните информации, полицијата го уапсила осомничениот за пукањето кој, како што се дознава, е малолетно лице, но нема информации дали е ученик во училиштето
Три деца се ранети во пукање што утрово се случило во училиште во градот Вантаа во Финска, соопштила полицијата, јавуваат светските медиуми. Според соопштението, полицијата интервенирала во училиштето „Виертола“ нешто пред 9 часот според локално, односно 7 часот според средноевропско време, повикувајќи ги локалните жители да останат во своите домови, пренесува Би-би-си.

Според првичните информации, полицијата го уапсила осомничениот за пукањето кој, како што се дознава, е малолетно лице, но нема информации дали е ученик во училиштето.
Училиштето во кое се случил вооружениот инцидент, како што наведува британскиот национален сервис, има 800 ученици и 90 вработени.
Очевидци за финската национална телевизија ЈЛЕ (YLE) изјавиле дека виделе две возила на итната помош како го напуштаа местото на настанот.
At least three people have been injuired following a school shooting in Finland.
— Sky News (@SkyNews) April 2, 2024
All those involved are minors, police said – including the perpetrator.
Sky’s @rachaelvenables has the latest.https://t.co/k7iBcamKJz
? Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/TVMjDyzIE5
Од полицијата соопштиле дека сите лица затекнати во пукањето се малолетни, а три од нив се ранети.
Училиштето „Виертола“ го посетуваат ученици на возраст од седум до 15 години, односно и од основна и средношколска возраст.
Како и во другите фински училишта, и во ова децата денеска се вратиле на настава по продолжениот викенд за верскиот празник Велигден.