Двајца од ранетите се во критична состојба
Најмалку 13 лица се повредени во оружен напад што се случи рано утрово по локално време во градот Остин, Тексас, соопшти американската полиција додавајќи дека осомничениот за нападот не е уапсен.
Двајца од ранетите се во критична состојба, изјави шефот на локалната полиција.
Пукањето се случило нешто пред 1:30 часот по локално време, на улица каде има голем број кафулиња и ресторани.
Полицијата соопшти дека сè уште не се познати причините за нападот.
Дванаесет ранети се пренесени во локалната болница, а едно лице со прострелни рани во ургентниот центар.
Началникот на локалната полиција изјави дека описот на напаѓачот „не бил многу детален“, но се верува дека станува збор за маж.
Последниот оружен напад во кој имаше три жртви се случи пред два дена на Флорида, а меѓу убиените е и дете.