Според грчките медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. Како што пренесува Си-ен-ен Грција, бил употребен пиштол калибар 9 мм
Шест лица загинаа во престрелка во Атина во населбата Артемида.
Како што првично објавија грчките медиуми, три лица биле застрелани во автомобил, а другите три во куќа во наведената населба. Сепак, последните информации велат дека пресметката се случила во автомобил на улицата „Арионос“.
Пет лица загинаа во автомобил, додека едно е пронајдено покрај возило со германски регистарски таблички, јавува „Прототема“.
Според грчките медиуми, станува збор за мафијашка пресметка. Како што пренесува Си-ен-ен Грција, бил употребен пиштол калибар 9 мм.
Прогласена е тревога, додека на терен се силни полициски сили.
Во тек е истрага. Спасувачите и брзата помош се на терен.
Фото: „Прототема“