Осомничениот е приведен по пукањето во Синделфинген, соопшти полицијата во блискиот град Лудвигсбург
Две лица починаа во смртоносна престрелка што се случи утринава во фабриката на „Мерцедес Бенц“ во Jугозападна Германија. Локалната полиција на Твитер претходно објави дека едно лице починало, додека друго е тешко повредено. Не е познато дали вториот починат е повреденото лице.
Од полицијата додаваат дека „веќе нема никаква опасност за вработените во фабриката“.
Осомничениот е приведен по пукањето во Синделфинген, соопшти полицијата во блискиот град Лудвигсбург.
„Полициска операција во моментов е во тек во близина на фабриката. Полицијата и спасувачите се на должност“,
објавија претходно на Твитер полициските сили.
📍#Sindelfingen Daimler Werk
— Polizei Ludwigsburg (@PolizeiLB) May 11, 2023
Derzeit ist ein Polizeieinsatz auf dem Werksgelände. Polizei und Rettungskräfte sind im Einsatz.
Es besteht keine Gefahr für die Bevölkerung. pic.twitter.com/MjrZrKRVGk
„Мерцедес Бенц“ потврди дека инцидентот се случил во Синделфинген и е во контакт со властите.
„Ние сме во контакт со властите и се обидуваме да ги разјасниме фактите. Безбедноста на вработените е на прво место“,
се вели во соопштението на компанијата, пренесе „Скaј њуз“.