Полицаецот бил убиен утрото во областа Тенк во северозападниот пакистански регион Хајбер Пахтунхва, според локалните полициски претставници

Еден офицер за безбедност загина откако вооружени напаѓачи отворија оган врз војници во Пакистан на почетокот на општите избори во земјата, пишува Скај њуз.
Полицаецот бил убиен утрото во областа Тенк во северозападниот пакистански регион Хајбер Пахтунхва, според локалните полициски претставници.
Инцидентот наводно се случил на избирачко место во градот Кот Азам. На изборите владее тензична атмосфера обележана со насилство и обвинувања за измами.
Најмалку 30 лица загинаа во вчерашниот бомбашки напад, ден пред изборите.
Десетици илјади чувари, полициски и воени сили беа распоредени на избирачките места за да се осигури безбедноста.