Тоа е натпреварот што многумина навивачи на Англија го имаа на ум како можност откако беше објавен распоред на Светското првенство во фудбал – Франција во четврт финалето, ова се дел од коментарите во британските медиуми во пресрет на вечерашниот меч.
Судирот со Франција се смета за најтешкиот тест досега за селекторот Герет Саутгејт и неговите избраници. Прашањата се како Англичаните ќе се постават, која тактика ќе се избере во натпреварот против актуелниот светски шампион во фудбал.
Двете репрезентации, првпат од 1982 година, се соочуваат во нокаут-фаза од едно светско првенство.
Прашан што ќе им каже на своите играчи во соблекувалната пред натпреварот, Саутгејт изјави:
„Воопшто ништо. Хари Кејн го прави тоа. До тој момент, пораките се завршени и работата е завршена. Тоа им го оставаме на играчите“.
И француската страна, која во проценките на фудбалските експерти важи за фаворит, е внимателна и свесна за вечерашниот предизвик.
„Играчите ќе мора да дадат сè од себе“,
изјави францускиот селектор Дидие Дешамп.
Овој натпревар се игра вечерва во 20 часот. Претходно ќе се соочат Мароко и Португалија. Вчера работата ја завршија Хрватска и Аргентина.