Делегација на македонскиот Уставен суд вчера имала средба со уставни судии во Турција, со турскиот министер за правда и со врховниот обвинител
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска ќе има гости од С Македонија, односно ќе прими делегација од македонскиот Уставен суд, предводена од претседателот на судот Сали Мурати.
Како што информираа од Уставниот суд, делегацијата вчера во Турција остварила средба со претседателот на Врховниот суд на Турција, Мехмед Акарџа, на која била нагласена значајноста на соработката и размената на искуства меѓу двете земји. На средбата присуствувал и врховниот јавен обвинител на Турција, Беќир Шахин.
„На средбата беше нагласенo значeweto на соработката и размената на искуства меѓу овие две пријателски земји, особено во областа на правосудството, со надеж оваа пракса да продолжи и во иднина“,
се наведува во соопштение на Уставниот суд.
Делегацијата вчера остварила средба и со министерот за правда на Турција, Абдулхамид Ѓул, на која биле разгледани прашања за продлабочување на соработката во иднина меѓу двете земји, со цел поголеми придобивки во рамките на правосудниот систем.