Постар маж е првата жртва од коронавирусот во Словенија, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Човекот имал хронични болести и починал на Инфективната клиника. Тој бил еден од седумте заразени лицa во старечкиот дом во градот Метлика.
Според здравствените власти уште две лица се во критична состојба.
Досега во Словенија со коронавирусот заразено е 181 лице.
Поради зголемиот број на новозаболени, властите пред два дена прогласија епидемија на коронавирусот. Забрана за влез во Словенија имаат сите кои доаѓаат од ризичните земји, а училишната настава е во прекин.