Демонстрантите еднаш успеале да го пробијат првиот полициски кордон и да се доближат до граничниот премин, но потоа наишле на уште еден
На граничниот премин „Јариње“ помеѓу Србија и Косово денеска се одржа протест од српската страна на границата, кој беше најавен на социјалните мрежи.
Собирот го најавија десничарите, а беше со цел да се деблокираат граничните премини за косовските Срби.
Собирот, јавува репортерката екипа на Н1 ТВ, започнал околу 13 часот. Се собрале околу 100-тина граѓани на околу 100 метри пред граничниот премин, а меѓу присутните биле Немања Шаровиќ од Српската радикална партија и Дамјан Кнежевиќ од Народни патроли.
Пред демонстрантите бил поставен полициски кордон од српските полицајци кои не им дозволувале да се доближат до граничниот премиер, меѓутоа по еден час откако започнал собирот демонстрантите успеале да го пробијат првиот прстен од кордонот и да се приближат.
„Пред нив пред самиот граничен премин се испречи нов полициски кордон со опрема за разбирање да протести, со штитови и шлемови. Дојде со судир, а полицијата употреби и пендреци“,
пренесува Н1.
Ситуацијата бргу се смирила.
Припадниците на КФОР, пак, се распоредени на самиот граничен премин и пред базите каде се сместени специјалните единици на косовската полиција. До нив, според Н1, не може да се стигне. На две локации тие поставиле и бодликава жица со цел да се спречи премин на границата.
„Јариње“ како и граничниот премин „Брњак“ се блокирани со денови. Во северниот дел на Косово каде живеат Срби, пак, девет дена веќе има барикади на патиштата што српското население ги постави откако беше уапсен Дејан Пантиќ, поранешен припадник на косовската полиција. Покрај него, косовските власти потоа приведоа уште еден бивш припадник на безбедносните сили во Косово.