Три лица се здобиле со лесни повреди во судир на две возила, откако едно од нив удрило во куче
Од СВР Тетово ги демантираат шпекулациите дека причина за отежнатото одвивање на сообраќајот се голем број сообраќајни несреќи на оваа делница
Сообраќајка во која три лица се здобија со лесни телесни повреди попладнево предизвика метеж на автопатот Тетово-Гостивар, но по 18 чаасот сообраќајот е нормализиран, изјави за „360 степени“ портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
„Две возила се судриле на автопатот Тетово-Гостивар кај клучката за Камењане, откако едно од нив удрило во куче“, вели Јосифовски и ги демантира шпекулациите дека причина за отежнатото одвивање на сообраќајот се голем број сообраќајни несреќи на оваа делница.
вели Јосифовски и ги демантира шпекулациите дека причина за отежнатото одвивање на сообраќајот се голем број сообраќајни несреќи на оваа делница.
Јосифовски вели дека генерално денеска, сообраќајот се одвива забавено поради протестот што се одржувал попладнево против поскапувањето на електричната енергија, во организација на невладини организации, но и поради зголемената фреквенција на возила кон туристичките центри.
Исто така, зголемен број возила во овој дел од земјата има и поради пристигнувањето на голем број наши иселеници од западноевропските земји.
По 18 часот сообраќајот е нормализиран, но сепак со зголемена фреквенција.
