Од според македонското МНР, одлуката на Русија да го прогласи за персона нон грата вториот секретар во македонската амбасада, кој само што бил делегиран во мисијата, е возвратен политички чекор без никаква мериторна основа
Од македонското МНР соопштија дека македонскиот дипломат што денеска беше прогласен за персона нон грата бил втор секретар
Русија го прогласи за персона нон грата вториот секретар во македонската амбасада во Москва, потврдуваат од македонското Министерство за надворешни работи, оценувајќи дека станува збор за „возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ“.
„Вршителот на работите во Амбасадата на Република Северна Македонија во Москва, Оливера Чаушевска Димовска, беше повикана во Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, каде што и беше врачена нота за прогласување персона нон грата на наш дипломат – втор секретар. Одлуката на руското Министерство за надворешни работи, за протерување на дипломатот, кој неодамна беше делегиран во Руската Федерација, преставува возвратна политичка одлука без никаков мериторен основ. За претходното протерување на рускиот дипломат од Северна Македонија беа доставени евидентирани докази за негово дејствување во спротивност на Виенската конвенција за дипломатски односи. Оттука, денешниот потег на руската страна е во целост неоснован и негативно ќе се одрази на обидите за унапредување на односите меѓу двете земји“,
се наведува во соопштение на МНР, како што пренесува МИА.
Од Министерството додава дека во Амбасадата во Москва останува да ги извршува своите обврски вршителот на работите, а наскоро ќе биде упатен и новиот амбасадор акредитиран за Руската Федерација, кој ги помина сите чекори (Ненад Колев од МНР н.з.)
Претходно, руското МНР соопшти дека „мерката е одговор на сосема неоснована одлука за прогласувањето на дипломат во Амбасадата на Русија во Скопје за персона нон грата, донесена од С Македонија во август годинава.