Новото издание на информативно-аналитичкиот магазин „360 степени” се емитува вечерва (22 октомври 2026 г.) од 20:30 часот на МРТ 1
Во новото издание на ТВ-магазинот донесуваме:
– Државната изборна комисија пред нов милионски тендер за фингерпринт-апаратите кои веќе нè чинеа 11,2 милиони евра – зошто при набавката во 2021 г. не биле предвидени долгорочните трошоци;
– само пет екипи на Итната помош ноќе за цело Скопје – што ќе сменат најавените реформи и воведувањето парамедици;
– МВР купува 108 возила – за дел од набавката неколку понудувачи, за друг дел – еден, а за трет – ниту еден;
– уште 52 години до европското ниво на благосостојба со сегашните трендови – зошто толку бавно ја стигнуваме ЕУ;
– „Саботажа“.
Емисијата се емитува од 20:30 часот на МРТ 1.
