Во последните денови, украинската армија објави дека ја вратила контролата врз одредени делови од земјата во рацете на руските сили. Тоа се областите на Харков на североисток, но и делови од територијата на југ и исток
Еден од главните водачи на проруските сепаратисти на истокот на Украина, Денис Пушилин, денеска призна дека ситуацијата на линијата на фронтот е „тешка“ поради украинската контраофанзива, но додаде дека руските сили „добро се држат на терен“.
Во последните денови, украинската армија објави дека ја вратила контролата врз одредени делови од земјата во рацете на руските сили. Тоа се областите на Харков на североисток, но и делови од територијата на југ и исток.
„Ситуацијата се уште е тешка. Непријателот се обидува да ја оштети цивилната инфраструктура“,
изјави Пушилин за руските медиуми.
Според него, руските и проруските сили „се држат на земја“. Иако ситуацијата е тешка, таа и понатаму е под контрола, додаде Пушилин.
Украина ги обвини руските сили дека ја напаѓаат цивилната инфраструктура како одговор на брзата офанзива што во викендот ја имаа украинските трупи и што ја принудија Русија да го напушти главниот бастион во регионот Харков.