Сообраќајот на патниот правец од Мавровска крстосница до Дебар, кој беше во прекин од синоќа во 18 часот поради одрони и паднати дрвја на патот, е нормализиран од утрово во 8 часот, информира АМСМ.
Сообраќајот на другите државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози поради врнежите од дожд кои ја имаат зафатено територијата на целата држава.
ЈП „Македонија пат“ предупредува на внимателно возење и приспособување на брзината кон условите на патот и оттаму посочуваат дека дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат проодни сите патни правци.
