Акцијата, како што информираат од МВР, била спроведена од полициски екипи од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на скопскиот Основен кривичен суд
Полициски екипи денеска при претрес на дом на 51-годишен скопјанец откриле и заплениле пет килограми марихуана и дигитална вага со остатоци од дрогата, соопшти вечерва Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата, како што информираат оттаму, била спроведена од полициски екипи од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при Секторот за внатрешни работи Скопје, а по наредба на скопскиот Основен кривичен суд.
Според МВР, 51-годишниот С.Љ. и неговиот син Б.Љ.(19) се лишени од слобода и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик, по итна постапка.
