Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, претпладне со појава на магла или ниска облачност по котлините, додека попладне, во западните делови ќе има повремен локален дожд, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветр од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од минус три до шест степени Целсиусови, а максималната ќе достигне од 13 до 17 степени.
Во Скопје, исто така, се очекува променливо облачно време, претпладне со појава на магла или ниска облачност. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до три степени, а максималната ќе достигне до 14 степени Целзиусови.
Од утре попладне времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Утринските температури од среда насекаде ќе бидат над нулата, а дневните без значителни промени.