Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно, наутро наместа со појава на магла, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Минималната температура ќе се движи во интервал од три до осум степени Целзиусови, а максималната ќе достигне од 10 до 13 степени.
Во Скопје наутро со појава на магла, а преку денот се очекува променливо облачно време со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура во главниот град ќе се спушти до седум, а максималната ќе достигне до 12 степени Целзиусови.
Во текот на оваа седмица ќе се задржи променливо облачно време, наутро наместа со појава на магла. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат над нулата. За време на викендот се очекуваат врнежи од дожд, велат од УХМР.