Услови за нестабилно време и за краткотрајно невреме, особено во попладневните часови, УХМР најавува и за утре, но и за деновите од викендот
Денеска во земјава нè очекува променливо облачно, а од пладне нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Процесите на места ќе бидат поинтензивни во форма на краткотрајно невреме со силен ветер и изолирана појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Максималните температури ќе се искачат од 17 до 26 Целзиусови степени.
Во Скопје претпладне времето ќе биде облачно, а попладне во делови од котлината нестабилно со пороен дожд и услови за краткотрајно невреме. Температурата во Скопскиот Регион ќе се движи во интервал од 13 до 25 степени.
Услови за нестабилно време и за краткотрајно невреме, особено во попладневните часови, УХМР најавува и за утре, но и за деновите од викендот.