Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со сончеви периоди. Од попладне ќе има повремен локален дожд и услови за краткотраен пороен дожд. Ќе дува слаб до умерен, а во западните делови повремено засилен западен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 10 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 12 до 23 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд во попладневните часови во делови од котлината. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од 8 до максимални 21 степен.
Според УХМР, во текот на неделава ќе преовладува променливо облачно и посвежо време. До среда ќе има локални врнежи од дожд кој на места може да биде пообилен. Од четврток ќе следува стабилизирање на времето.
