Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 7 до 15 степени
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со повремени сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието, повремено засилен северозападен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 2 до 11 Целзиусови степени, а максималните ќе се искачат од 7 до 15 степени.
Времето во Скопје ќе биде претежно облачно со слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе се движат од минимални 7 до максимални 11 степени.
УХМР од денеска најавува стабилизирање на времето. Од петок облачноста ќе се намали, а во деновите од викендот се очекуваат постудени утра со минимални температури која на места ќе се спушти под нулата.
