Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен северозападен ветер
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска најавува променливо облачно време со краткотрајни сончеви периоди и повремен локален дожд. Во текот на денот ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 8 до 14 Целзиусови степени, додека максималните ќе се искачат од 14 до 22 степени.
Времето во Скопје ќе биде променливо облачно со краткотрајни сончеви периоди. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Температурите ќе се движат од минимални 13 до максимални 20 степени.
Од УХМР најавуваат дека под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, до средината на следната недела се очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои на повисоките планини ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од северозападен правец, а температурите ќе бидат во опаѓање.
