ДПИ, како што соопшти директорот Влатко Стојкоски, регистрира ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три субјекти
Цените на производите од новогодишната кошничка, која почна да на 15 месецов, се намалени за 10 отсто и повеќе, информира денеска министерот за економија и труд Бесар Дурмиши по посетата на неколку маркети во Скопје, истовремено апелирајќи трговците да ја почитуваат мерката до 15 јануари идната година.
„Оваа мерка беше на иницијатива на трговците, производителите и дистрибутерите, а поддржана од страна на Владата. Државниот пазарен инспекторат е на терен за да види дали се спроведува. Најголеми инспектори, сепак се граѓаните, па ако забележат изигрување на цените да се јават на бесплатниот број 191 или да бријавт на веб-страницата на ДПИ“,
рече тој.
Дурмиши денеска посети неколку скопски маркети заедно со заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески и директорот на Државниот пазарен инспекторат Влатко Стојкоски.
„Видовме дека производите се означени со ознаката. Тие производи што се ставени на листата намалени се за 10 отсто и повеќе. Ме радува фактот што за многу кратко време бројката на производи достигна над 1 100 од 95 трговци на 42 синџири на маркети“,
вели Дурмиши.
ДПИ, како што соопшти директорот Влатко Стојкоски, регистрира ситни забелешки во однос на означувањето на производите и ситни корекции кај цените на два-три субјекти.
Инспекторите не регистрирале отстапување од договореното за поевтинување на производите за 10 отсто во однос на нивната најниска цена во последните 30 дена пред почетокот на акцијата.
Во новогодишната кошничка спаѓаат: леб и житарки, пекарски производи, месо и преработки од месо, риба, млеко и млечни производи, кондиторски производи, свежо, замрзнато и конзервирано овошје и зеленчук, безалкохолни (газирани и негазирани) напивки, алкохолни пијалаци (вино и пиво) и друго.