Потрагата по малолетникот кој исчезна во водите на Преспанското Eзеро продолжи денеска во раните утрински часови и ќе трае се до пронаоѓање на момчето, потврдуваат од МВР.
Полицијата информира дека потрагата се врши со осум нуркачи од нуркачки тимови на Единицата за специјални задачи.
Дознаваме дека и локалните жители помагаат во акцијата за пронаоѓање на момчето.
Поради временските услови вчера потрагата беше привремено прекината.
Во Полициската станица Ресен завчера во 18:18 часот од Итната медицинска помош било пријавено дека во туристичката населба „Претор“, во водите на Преспанското езеро исчезнал 16-годишно момче од Ресен.