Прашан во „360 степени“ на ТВ „Алсат“ – дали на средбите со претставници на ЕУ и на земји членки слуша критики на тема владеење на правото и борба против корупцијата – министерот за надворешни работи, Бујар Османи, одговара:
„Тоа што го слушам е дека леќите на Европската комисија ќе бидат многу заострени, фокусот ќе биде многу заострен особено на делот на реформските прашања и доколку паралелно не работиме на испорака на реформи во делот на владеење на правото, имплементација на законите во дел на владеење на правото, дека наредниот извештај ќе биде сериозно детализиран и фокусиран“.
На дополнително прашање – зошто тогаш она што се случува „на терен“ е спротивно на тоа и дека пристапот на оваа влада на една година до избори е „приграби што можеш“, министерот за надворешни работи вели:
„Мислам дека е тоа само впечаток кој го засилува опозицијата поради тоа што во последната година од мандатот, вообичаено, се размрдуваат сите ресурси за да може да се создаде перцепција кај граѓаните. Мислам дека Владата работи на зацртаниот план во делот на реформите, тоа што треба поагресивно во овој период е во делот на имплементацијата на законските решенија. Се разбира, граѓаните кога ги гледаат различните нивоа на власт ги поистоветуваат со Владата бидејќи е нормално, така и јас најверојатно би гледал од страна – и судството и парламент и влада би ги гледал како едно, но сепак тоа се поделени одговорности…“
360 степени: Да, но со силни влијанија од извршната власт.
Па, не сум сигурен. Не сум сигурен. Јас подолго време сум во овие процеси и не можам да кажам дека во овој период има некое интензивирање или влошување на односите“.
*Други вести од гостувањето на Османи во „360 степени“:
- Изјавите на Мицкоски за бинационална држава се трагични и разочарувачки – оценка на Бујар Османи
- Османи: Нема причина за предвремени избори наесен, туку за одлука – одиме кон ЕУ или остануваме во чекалната
- Османи за новата влада во Бугарија: Полесно се договара и преговара со луѓе што имаат политичка одговорност
- Османи за „самоисклучувањето” на „огнените“: Тие го прекршија статутот на ДУИ, а тоа носи одредени одговорности