Интересот на српската истрага за нелегално одгледување марихуана близу Белград, пишува „Призма“, води до Македонија зашто првоосомничениот Колувија до неговото апсење на 13 ноември 2019, дел од растенијата одгледувани на српскиот посед ги извезувал токму во државава. Дестинацијата била една од двете македонски фирми во кои тој имал сопственички удели, „ТХЏ Куалити груп“
„Росоман производство“. Така се викала една од групите во мобилната апликација Разговор преку која обвинетите за нелегално одгледување марихуана на имотот „Јовањица“ близу Белград комуницирале и разменувале информации врзани за производство на зелена материја во македонската општина Росоман, пишува Призма во најновото истражување.
Сите корисници на апликацијата Разговор при комуникацијата имале шифрирани називи.
Призма од свои избори дознава дека овие информации се дел од комуникацијата меѓу српското и македонското обвиителство која се одвивала на почетокот на годинава. Српското обвинителство, работејќи на случајо „Јовањица“, писмено побарало меѓународна правна помош од нашето Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
„Во рамките на оваа група биле пронајдени и фотографии од просториите во објектот каде што се одгледувала, сушела и вакумирала зелената материја за која се претставува дека била канабис“,
пишувало во дописот, објавува „Призма“.
Според обвинението подигнато пред судот во Белград, апликацијата Разговор, која се споменува во преписката, била наменски програмирана за првообвинетиот Предраг Колувија и за неговите соработници од Србија.
Интересот на српската истрага, пишува „Призма“, води до Македонија зашто Колувија до неговото апсење на 13 ноември 2019, дел од растенијата одгледувани на српскиот посед ги извезувал токму во државава. Дестинацијата била една од двете македонски фирми во кои тој имал сопственички удели, „ТХЏ Куалити груп“.
Македонија се споменува и во второто обвинение на групата на Колувија наречено „Јовањица 2“. Таму пишува дека во јуни 2019, извесен Миодраг Познан, со прекар Столар, бил уапсен на граничниот премин Прешево откако во автомобилот му биле најдени 22 килограми маригуана спакувани во 70 пакети.
Обиението тврди дека врз дилерот бил вршен притисок да не ги споменува припадниците на групата на Колувија,за што има докази. Познан се бранеше со молчење, ја призна вината и е осуден на шест години, без да открие од каде ја набавил дрогата што била откриена кога влегувал во Србија од Македонија.
Истрага нема.
Нашите обвинители едноставно им се нашле на колегите од Србија. Според информациите до кои дојде Призма, српскиот допис пристигнал во февруари.
„Ги доставивме бараните докази и податоци“,
изјавиле од македонското обвинителство.
Обвинителот што постапувал по барањето за меѓународна правна помош од Србија не сакал за Призма да зборува околу деталите.
Предград Колувија и деветмина од неговата група во Србија се обвинети за нелегално производство и за чување наркотични средства заради ставање во промет на опојни дроги.
Истражувањето на Призма, пак, покажува дека македонските партнери на Колувија и надлежните институции во Македонија најмногу би сакале ако може да се заборави „случајот Колувија“.
Кои се македонските партнери и за тоа што покажало истражувањето на Призма, прочитајте ТУКА.