БИРН открива „креативни“ начини да се дојде до сертификат по англиски и двојни аршини во истрагите за јазични фалсификати
Контроверзите околу сертификатот по англиски јазик на новоименуваниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски, фрлија ново светло на информациите дека со години при избор на директори се користат сертификати по странски јазик со сомнително потекло.
За да стане директор, тој достави ТОЕФЛ-сертификат, кој го добил од бугарската фирма „Јулија“, која со години е неактивна. ДКСК бргу го отвори и го затвори предметот и жешкиот костен му го префрли на обвинителството, кое повеќе од три месеци истражува дали сертификатот е валиден.
Додека исходот на оваа истрага е неизвесен, БИРН открива различни недоследности околу законските правила за сертификатите, но и други „креативни“ начини за добивање потврди за положен испит, како и двојни обвинителски аршини за истраги за спорни јазични сертификати.
Во меѓувреме, власта крои законски измени, со кои ги брише имињата на сертификатите што се признаваат како валидни.
Целиот текст може да го прочитате тука.