Според документите, кои на барање на БИРН ни беа доставени од Агенцијата за управување со одземен имот, освен фирмата „Бест веј инвестмент“ на Јордан Мијалков, која победи на јавното наддавање, во конкуренција биле и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и свеската на Мијалков помладиот, Александра-Бела Белчева
Кога лани во ноември се продаваше имотот на Водно, конфискуван од поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, единствените информации беа дека имало заплашувања при продажбата. Кратко потоа, јавното наддавање мина без никакви проблеми, и од Агенцијата за управување со одземен имот гордо изјавија дека становите се продадени и буџетот е побогат за неколку стотини илјади евра, пишува „Призма“.
Не се откриваа информации кој го купил овој имот сè до јануари, кога врз основа на документите добиени на наше барање од Агенцијата, БИРН откри дека становите останале во семејството, односно трите стана и гаража на Водно ги купила „Бест беј инвестмент“, фирмата на Јордан Мијалков, инаку син на осудениот поранешен шеф на УБК.
Последните информации, пак, до кои дојдовме, покажуваат дека и другите понудувачи биле поврзани со ова семејство.
Според документите, кои на барање на БИРН ни беа доставени од Агенцијата за управување со одземен имот, освен фирмата „Бест веј инвестмент“ на Јордан Мијалков, која победи на јавното наддавање, во конкуренција биле и фирма-ќерка на Бест веј – „Омпетрол оил“, но и свеската на Мијалков помладиот, Александра-Бела Белчева. За четвртиот наддавач, БИРН не најде поврзаност со семејството на Мијалков.
Целиот текст прочитајте го тука.