Во пресудата што БИРН ја доби од Кривичниот суд, за Мијалчев, пишува дека тој е дипломиран електроинженер, управител на штипски „Бетон“, безимотен и неосудуван, а за Гајдовска дека е правничка и директорка на фирма, која, освен случај, нема друг кривичен „товар“ зад себе
Веста за спогодбите на „капиталците“ во случајот „Империја“, Јордан Камчев и Сашо Мијалков, во јуни годинава, ја затскри информацијата дека, освен нив, донесени се уште две пресуди базирани на спогодба.
Едната е за директорот на „Бетон Штип“, Ванче Мијалчев, а другата за Лилјана Гајдовска, прокурист во фирмата на Камчев, „Кара АД“, открива БИРН.
И двајцата се правосилно осудени дека ја злоупотребиле службената положба и овластување. Добија условна казна затвор од една година, која нема да се изврши ако во следните три години не бидат осудени за ново кривично дело.
На пресудата ѝ претходела спогодба со обвинителката Лиле Стефанова.
Во пресудата што БИРН ја доби од Кривичниот суд, за Мијалчев, пишува дека тој е дипломиран електроинженер, управител на штипски „Бетон“, безимотен и неосудуван, а за Гајдовска дека е правничка и директорка на фирма, која, освен случај, нема друг кривичен „товар“ зад себе.
Мијалчев потврдил дека во 2013 година, заедно со Цветан Панделески и Зоранчо Митровски, како тогашни членови на одборот директори на АД „Бетон Штип“ за контроверзната „Ексико“ и „Езимит холдинг“ прибавиле корист од четири милиони евра, со што оштетиле 150 малцински акционери.
Во тоа им помогнале Гајдовска и Камчев, кој во пресудата е наведен како сведок – соработник на правдата.
Целиот текст прочитајте го на Призма.