Незадоволен од ваквата одлука на МВР, тој во 2020 поднел тужба против решението на МВР. Граѓанскиот суд пресудил дека Зекиров е во право, а апелациските судиите лани во февруари ја потврдиле пресудата
Ален Зекиров, некогашниот телохранител на ексдиректорот на тајната полиција, Сашо Мијалков, го доби судскиот спор против Министерството за внатрешни работи за неговиот отказ, пишува „Призма“.

Граѓанскиот суд пресече, а скопска апелација потврди дека отказот што го добил во 2018 година бил незаконски.
Според пресудата, на Зекиров со потпис на поранешниот министер Оливер Спасовски му бил откажан договорот за вработување во 2018 година. Причината за отказот од МВР е што сторил потешка дисциплинска повреда со учество во собраниските настани од 27 април 2017 година.
Зекиров бил упорен во докажувањето дека отказот му е незаконски. Првин се обидел преку Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос да го поништи отказот и предметот повторно се нашол пред дисциплинската комисија. Таа повторно го потврдила отказот.
Незадоволен од ваквата одлука на МВР, тој во 2020 поднел тужба против решението на МВР. Граѓанскиот суд пресудил дека Зекиров е во право, а апелациските судиите лани во февруари ја потврдиле пресудата.
Судиите пресудиле дека не само што Зекиров незаконски добил отказ, туку дека има право да се врати на работа, а државата требало да му исплати 99 илјади денари за трошоци за водење на постапката.
Целиот текст може да го прочитате тука.
