„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера соопшти дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелацискиот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата, сепак, Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија“, велат од Обвинителството
За пронаоѓањето и приведувањето на лицето, чиј идентитет ниту иницијали се соопштени, Обвинителството денеска било известено од Министерството за внатрешни работи. Со ова вкупниот број лица кои сега се во рацете на истражните органи за упадот во М-НАВ е петмина. За новоприведеното лице од Обвинителството велат дека ќе бараат да му биде одредена мерка притвор
Основното јавно обвинителство Скопје денеска попладне соопшти дека е пронајден и лишен од слобода уште еден осомничен, од вкупно осумтемина поврзани со минатонеделниот упад во Македонската навигација (М-НАВ).
Имено, за настанот кој предизвика бура во јавноста, Обвинителството отвори истрага против осум лица, кои се товарат за кривичното дело загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај. Четири кратко по инцидентот се најдоа во полициска станица, а од вчера се наоѓаат и во куќен притвор, додека останатите четворица беа во бегство и полицијата трагаше по нив по распишана интерна потерница.
За пронаоѓањето и приведувањето на лицето, чиј идентитет ниту иницијали се соопштени, Обвинителството денеска било известено од Министерството за внатрешни работи. Со ова вкупниот број лица кои сега се во рацете на истражните органи за упадот во М-НАВ е петмина.
Надлежниот јавен обвинител, се додава во соопштението, до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд ќе поднесе предлог на петтиот приведен од групата, кој досега им беше недостапен на органите на прогонот да му биде одредена мерка притвор.
Што се однесува до куќниот притвор кој кривичниот совет на скопскиот суд вчера им го одреди на шефот на огранокот на ДУИ во Чаир, ексминистер и вработен во М-НАВ, Беким Незири и на уште тројца од осомничените, од Обвинителството велат дека и натаму сметаат дека на нив треба да им биде определен ефективен затворски притвор, но истовремено информираат и дека немаат право на жалба до Апелацискиот суд, затоа што тоа не го дозволува Законот за кривична постапка (ЗКП).
Инаку, Кривичниот совет вчера одлучуваше по жалбата на Обвинителството, откако првично судот го одби барањето на Незири и другите тројца да им биде одреден затворски притвор и наместо најстрога мерка за обезбедување присуство им одреди мерки за претпазливост.
„Основното јавно обвинителство Скопје ја известува јавноста дека и покрај тоа што Основниот кривичен суд Скопје вчера информираше дека во предметот за случувањата во М-НАВ Кривичниот совет определил мерки куќен притвор за четворица осомничени, а „против овие решенија странките имаат право на жалба пред Апелациониот суд Скопје во рок од 24 часа од приемот на решенијата“, сепак Законот за кривична постапка не дозволува обвинителството да се жали на донесените решенија“,
се наведува во соопштението од Обвинителството.
Во случајов, како што додаваат оттаму, право на жалба во рок од 24 часа имаат само осомничените.
„Имено, согласно член 169 став 3 од Законот за кривична постапка, кој е наведен и во правната поука на донесените решенија, само обвинетиот има право на жалба во рок од 24 часа против решението на Советот и за таа жалба одлучува советот на повисокиот суд. За ова веќе постои и претходна судска пракса на Апелацискиот суд, па Обвинителството мора да ја почитува одлуката на Судот, иако и натаму смета дека мерката куќен притвор и определените дополнителни мерки на претпазливост не се доволни за обезбедување на осомничените и за заштита на постапката“,
велат од Обвинителството.
Инаку, освен 30-дневен куќен притвор на Незири и на другите тројца осомничени Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје вчера им определи и дополнителни мерки на претпазливост, односно привремено одземање на патна исправа и забрана за нејзино издавање, како и забрана за приближување, одржување контакти или врски меѓу осомничените и со оштетениот.
Во соопштението од Судот вчера посочија дека одлуката е донесена врз основа на приложените факти и докази во жалбата на обвинителот и одговорите на жалбата од страна на одбраната, а имајќи ги и предвид наводите во решенијата од претходна постапка.
Оттаму информираа: „Заради доследно информирање на јавноста и сузбивање на сите шпекулации и недоразбирања, сметаат дека е потребно да нагласат дека според сите досега доставени факти и податоци, конкретниот настан не се случил во контролната кула, односно просторијата од каде се врши навигацијата, туку во просторијата која е одвоена со најмалку две безбедносни влеза пред кулата“.
Беким Незири вчера утро со неговиот адвокат беа присутни во Кривичниот суд на седницата на кривичниот совет.
За разлика од минатиот пат, кога беше донесен со полициска придружба и лисици на рацете, вчера пристигна слободно во Судот.
Неговиот адвокат Еленко Миланов во изјава за медиумите рече дека Незири не учествувал во инцидентот во Македонската навигација, дека немал апсолутно никаков придонес во случајот и дека целиот настан се случил зад неговиот грб.
Во изјавата од пред Кривичниот суд, тој кажа и оти не е точно дека инцидентот се случил во контролната кула во М-НАВ, ниту дека биле нападнати контролори кои во моментот извршувале работни задачи.