Од полицијата наведуваат дека при проверка на документите полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон
Две лица се приведени на Граничниот премин Белановце на 24.02.2023 во 09:20 часот, при влез во земјава, откако се обиделе да ги поткупат полициските службеници. Станува збор за албански државјани Г.Ј. (65), возач, и Е.Р. (38), совозач, со патничко моторно возило „пежо“ со албански национални ознаки.
„При вршење пасошка контрола, Е.Р. дошол до кабината каде што на полициски службеник му дал патни исправи и зелен картон. При проверка на документите, полицискиот службеник забележал дека во зелениот картон била ставена една банкнота од 10 евра, по што Е.Р. рекол дека тие се за него за да го пушти бидејќи бил истечен рокот на зелениот картон. Е.Р. веднаш бил лишен од слобода“
се наведува во полицискиот билтен.
Дополнително бил извршен преглед на возилото и била пронајдена и марихуана и една ‘дробилица’. Известен бил Јавен обвинител и тие биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка односно за поднесување соодветна кривична пријава.