За случајот од Клиниката ја известиле полицијата вчера во 13:40 часот, информирајќи дека кај нив е донесена малолетничка со породилни болки. Два часа подоцна, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К., мајка на малолетничката што со поридилни болки е донесена на скопска Гинекологоија
Малолетничка со породилни болки вчера е донесена на Универзитетска клиника за гинекологија и акушерство во Скопје, по што полицијата ја приведе нејзината мајка, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).

За случајот од Клиниката ја известиле полицијата вчера, информирајќи дека кај нив е донесена малолетничка со породилни болки.
„На 24 мај во 13:40 часот од Клиниката е пријавено дека кај нив е донесена малолетната ќерка на С.К. од Скопје“,
пишува во полицискиот билтен.
Два часа подоцна, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје ја лишија од слобода 38-годишната С.К., мајка на малолетничката што со поридилни болки е донесена на скопска Гинекологоија.
„Со таткото на малолетничката, Б.К. (38) е извршен службен разговор“,
се вели во полициското соопштение.
Оттаму додаваат и дека за случајот е известен и јавен обвинител.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и дека по неговото целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.
