Освен против возачот, поведена е постапка и против сопственикот на возилото – правен субјект од Скопје, кој ќе се соочи со законски предвидена санкција

Полициската мобилна единица за безбедност на сообраќајот денеска го исклучи од сообраќај и го лиши од слобода 54-годишниот З.С., кој вршел јавен превоз со автобус „мерцедес“ без да поседува важечки документи.
Од Министерството за внатрешни работи (МВР) велат дека при денешната контрола на улицата „Панајот Гиновски“, службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при МВР запреле автобус марка „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки. При проверката е утврдено дека скопјанецот З.С. вршел јавен превоз на патници без да поседува важечка возачка дозвола.
Освен против возачот, поведена е постапка и против сопственикот на возилото – правен субјект од Скопје, кој ќе се соочи со законски предвидена санкција.
Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат со засилено темпо на територијата на целата држава.
„Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата со што заеднички ќе придонесеме за побезбедни патишта“,
порачуваат од МВР.
