Полицијата го уапсила Г.К. (25), кој бил барал со потерница поради тешка кражба.
Како што информираше Министерството за внатрешни работи, вчера во скопската населба Триангла, околу 18 часот, полициски службеници од Секторот за меѓународна соработка – Отсек за потрага го привеле лицето Г.К. (25) од Скопје.
По скопјанецот, соопштија денеска од МВР, била распишана потерница во врска со чл. 236 ст. 1 од КЗ на РСМ, за издржување на казна затвор од две години.
Како што посочуваат од МВР, лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа.
