Триесетгодишниот М.М. од Кичево е приведен вчера поради основано сомнение дека го убил својот татко. Министерството за внатрешни работи го потврди случајот.
„На 20.10.2021 во 22.30 часот во полициската станица Кичево бил приведен М.М.(30) од Кичево поради постоење основи на сомнение дека со остар предмет му нанел повреди на својот татко Н.М.(50), по што тој починал“,
информираат од Министерството за внатрешни работи.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од полициската станица Кичево. Се работи на целосно расчистување на случајот.