Полицијата го привела А.С. (45) од село Лојане, Липковско, откако би фатен како превезува мигранти.
Околу 3 часот, на автопатот Градско – Велес, во близина на клучка Велес – Штип – Скопје, при контрола на патничкото возило „фолксваген шаран“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал А.С., биле откриени 12 мигранти.
Од МВР денеска информираат дека 10 од мигрантите биле од Авганистан, а двајца од Иран. По документирање на случајот, против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.