Случајот е пријавен во полиција по објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа лице што со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки фрла вреќи со отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видое Смилевски-Бато“
Приведен е 54-годишен тетовец поради сомнение дека фрлал вреќи со отпад во реката Пена, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Вчера во 18 часот на улицата ‘Љубо Божиновски Пиш’ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Б. С. (54) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело загадување на животната средина и природата“,
се вели во полицискиот билтен.
Случајот е пријавен во полиција по објавено видео на социјалните мрежи, на кое се гледа лице што со патничко возило „цитроен“ со тетовски регистарски ознаки фрла вреќи со отпаден материјал во реката Пена, во близина на улицата „Видое Смилевски-Бато“.
Како што информираат од полицијата, по пронаоѓање и приведување на сторителот, тој во службен разговор го признал делото.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосното документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок против лицето.
