Пожарот, додаваат оттаму, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, а во инцидентот нема повредени лица
Полициски службеници на Секторот за внатрешн и работи (СВР) Битола вчера попладне привеле 67-годишен жител на градот под сомнение дека предизвикал пожар.

Како што соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР), станува збор за лице со иницијали Б. С., кое истиот ден околу пладне го предизвикало пожарот во неговото поранешно стовариште.
„На 16.08.2026 во 15:40 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишија до слобода Б. С. (67) од Битола. Тој се сомничи дека околу 12:35 часот предизвикал пожар на ул. ‘4 Ноември’ во Битола, при што била зафатена сува трева и дрвени палети во неговото поранешно стовариште“,
се вели во соопштението од МВР.
Пожарот, додаваат оттаму, бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Битола, а во инцидентот нема повредени лица.
Екипа на СВР Битола извршила увид на местото, а по целосното документирање на случајот против Б. С., посочуваат од МВР, ќе биде поднесена соодветна пријава.
