Полицијата го лиши од слобода триесет и едногодишниот Љ.А. од Арачиново бидејќи кај него пронашла 1,5 килограм хероин.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници го лишија од слобода Љ.А.(31) од Арачиново, Скопско, поради постоење основи на сомнение дека извршил кривични дела неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.
По претходно добиени оперативни сознанија, во текот на вчерашниот ден бил извршен претрес на две локации во село Арачиново, при што од Љ.А. се пронајдени и одземени две полиетиленски кеси со околу 1,5 килограм хероин, 1 полиетиленска кеса со хашиш, 4 полиетиленски пакувања марихуана, 8 куршуми, една рачна преса за пресување на опојна дрога, една хидраулична дигалка.
Љ.А. е приведен во полициска станица за понатамошна постапка и по документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, по член 215 и по член 396 од Кривичниот законик.