Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејствија врз деца што наполниле 14 години
Основното јавно обвинителство-Прилеп поведе постапка против 46-годишен тренер по џудо, за кого постои основано сомнение дека со злоупотреба на положбата извршил полови дејствија врз малолетни ученички доверени за тренирање и воспитување.
На предлог на јавен обвинител на лицето му е одреден притвор во траење од 30 дена.
„Осомничениот како тренер по џудо, од април до ноември 2020 година, во Прилеп и на други места, заради задоволување на полови страсти, со злоупотреба на својата положба, извршил полови дејствија врз деца кои наполниле 14 години – ученички кои му биле доверени заради тренирање и воспитување“,
се вели во соопштението од ОЈО.
Против осомничениот надлежниот јавен обвинител поднесе предлог за определување мерка притвор до судијата на претходна постапка при Основниот суд во Прилеп, а Судот го прифати предлогот и со решение на осомничениот му определи притвор во траење до 30 дена.
Против лицето постои основано сомнение дека сторил продолжено кривичното дело обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик.