Во 2018 година, принцот стана првиот висок член на британското кралско семејство кој официјално ги посети Израел и палестинската управа
Британскиот принц Вилијам повика на прекин на конфликтот во Газа, велејќи дека таму се убиени премногу луѓе.
Вилијам, 41-годишниот престолонаследник, ги даде коментарите на денот кога ги посети хуманитарните организации со седиште во Лондон кои работат на Блискиот Исток, а неговата канцеларија соопшти дека целта на посетата е да се да се стави акцент на човечкото страдање предизвикано од актуелниот конфликт.
Во 2018 година, принцот стана првиот висок член на британското кралско семејство кој официјално ги посети Израел и палестинската управа. Следната недела ќе биде во синагога каде што ќе ги слуша младите кои се борат против омразата и антисемитизмот.
„Останувам длабоко загрижен за ужасната човечка цена на конфликтот на Блискиот Исток по терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври. Премногу луѓе се убиени. Јас, како и многумина, сакам што поскоро крај на конфликтот. Има итна потреба од зголемена хуманитарна помош за Газа. Од клучно значење е таа да пристигне и заложниците да бидат ослободени“,
рече принцот Вилијам.
Неговиот татко, кралот Чарлс Трети, се повлече од јавните должности додека трае неговиот третман за рак, па се очекува Вилијам да преземе поголема улога во кралските должности.
Глобалните повици за прекин на израелската офанзива на Појасот Газа се сѐ погласни во последните неколку недели, во време кога Израел подготвува копнен напад врз јужниот град Рафах, кој е домаќин на повеќе од еден милион палестински бегалци од други делови на Појасот.
„Понекогаш важноста на траен мир станува јасна само кога ќе се соочиме со огромниот обем на човечко страдање“,
рече Вилијам.